При обраќањето на претседателот Ердоган пред Генералното собрание на ОН израелскиот амбасадор ја напушти салата

Израелскиот амбасадор Гилад Ердан ја напушти салата додека претседателот Ердоган во видео пораката по повод 75. заседание на Генералното собрание на ОН, говореше за политиките на притисок, насилство, угнетување и заплашување на Израел врз Палестина

1495824
При обраќањето на претседателот Ердоган пред Генералното собрание на ОН израелскиот амбасадор ја напушти салата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) остро го критикуваше Израел, поради што постојаниот претставник на Израел во Обединетите нации (ОН) Гилад Ердан ја напушти салата.

Израелскиот амбасадор Гилад Ердан ја напушти салата додека претседателот Ердоган во видео пораката по повод 75. заседание на Генералното собрание на ОН, говореше за политиките на притисок, насилство, угнетување и заплашување на Израел врз Палестина.

Претседателот Ердоган во овој дел од своето обраќање со остри зборови го критикуваше Израел во врска со што го рече следното:

„Валканата рака постепено ја зголемува својата смелост да посегнува по светоста на Ерусалим (Кудс), кој е домаќин на светите места на трите големи религии. Палестинскиот народ повеќе од половина век како се спротивставува на израелските политики на притисок, насилство, угнетување и заплашување. Откако беше одбиен документот за предавство кој се обидоа да и го наметнат насилно на палестинската страна под името 'Договор на векот', Израел овојпат ги интензивира своите иницијативи за освојување на тврдината од внатре, со помош на своите соработници. Ние како Турција нема да му дадеме поддршка на ниту еден план за кој нема да покаже согласност палестинскиот народ. Тоа што некои регионални земји станаа партнери во оваа игра не значат ништо друго освен што се во услуга на обидите на Израел за ерозирање на основните меѓународни параметри. Земјите кои изјавија дека имаат намера да отвора своја амбасада во Ерусалим (Кудс), спротивно на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и на меѓународното право, со ваквиот нивен став само се во услуга на доведување на спорот во уште поискомплицирана состојба. Палестинското прашање, може да се реши само со формирање на независна и суверена држава Палестина во географски континуитет со главен град Источен Ерусалим (Кудс), на основа на границите од 1967 година. Сите други потраги по решение надвор од тоа, се залудни, еднострани и неправедни.“



Слични вести