Омер Челик: Разговорите со Грција можат да се одржат само без предуслови

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик во врска со присутната затегнатост со Грција во Источниот Медитеран истакна дека прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори со Грција можат да се одржат само без поставување на предуслови

1495621
Омер Челик: Разговорите со Грција можат да се одржат само без предуслови

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик вчера додека продолжуваше состанокот на Централниот одлучувачки и управен одбор (МКЈК) во седиштето на партијата се појави пред камерите и одржа состанок за претставниците на печатот.

Омер Челик во врска со присутната затегнатост со Грција во Источниот Медитеран истакна дека прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори со Грција можат да се одржат само без поставување на предуслови.

„Ние не сме држава која посакува судир. Ние сме држава на преговори и дипломатија. Ние сме коренита држава која себе си се чувствува одговорна за регионалниот мир, делуваме со таква одговорност.“ - рече Челик.

Тој во продолжение рече: „Гледаме дека Франција овде (во Источниот Медитеран) нема приод од видот на придонесување кон регионалниот мир, па дури дека не делува ниту со визијата на Европската унија (ЕУ). Во целост спротивно на тоа, Франција делува со мошне специјални интереси. Својата политика во Либија и Сирија којашто е пропадната во вода, се обидува да ја покрие со Средоземното Море.“

Во врска со прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори со Грција пак, портпаролот на АК Партијата Омер Челик го рече следното: „За Турција не постои никакво проблем од аспект на започнување на разговорите. Доколку некои ги донесат и постават на масата своите максималистички барања и ни велат да се откажеме од нашите сопствени права и интереси, таму не можа да има преговори. Овде Турција е на страната на преговори без предуслови.“



Слични вести