МНР на Грција: „Наскоро“ ќе започнат прелиминарните разговори со Турција

Во објавеното соопштение од грчкото Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Грција и Турција се договорија 61-рата рунда од прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори да се одржат наскоро во Истанбул“

1495545
МНР на Грција: „Наскоро“ ќе започнат прелиминарните разговори со Турција

Грција соопшти дека „наскоро“ ќе започнат прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори со Турција. 

Во објавеното соопштение од грчкото Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Грција и Турција се договорија 61-рата рунда од прелиминарните разговори да се одржат наскоро во Истанбул.“

Инаку, прелиминарните (експлораторски, истражувачки) разговори помеѓу Турција и Грција за решавање на меѓусебните недоразбирања во Егејското Море започнаа во 2002 година и 60-тата и последна рунда од овие разговори се одржа на 1 март 2016 година.

По овој датум разговорите помеѓу двете земји продолжија во формат на политички консултации, меѓутоа не беа вратени на прелиминарна (експлораторска, истражувачка) рамка.



Слични вести