Во седиштето на НАТО се одржа петтиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

По состанокот пристигна соопштение од Министерството за национална одбрана во кое се информира дека следниот состанок се планира да се одржи наредната недела

1495512
Во седиштето на НАТО се одржа петтиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

Во штабот на НАТО, во главниот град на Белгија, Брисел, се одржа петтиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција во чии рамки се разговараше за „методите за разградување“.

По состанокот пристигна соопштение од Министерството за национална одбрана во кое се информира дека следниот состанок се планира да се одржи наредната недела.

Техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Грција започнаа пред 4 недели по остварениот разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно истакна дека треба да се формира механизам којшто ќе го спречи евентуалниот воен судир помеѓу двете земји членки на Алијансата, а воедно напомена дека се надева оти техничките разговори помеѓу воените делегации ќе придонесат и за политичките преговори со посредништво на Германија.



Слични вести