Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, во северниот дел на Сирија, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1495125
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот, во северниот дел на Сирија, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека терористите се обиделе да реализираат напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во соопштението се вели следното: „Нашите командоси спречија уште еден обид на терористичката организација ПКК/ЈПГ за напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот и неутрализираа четворица терористи.“

Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) на 9 октомври 2019 година ја започнаа операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК која води обиди за формирање терористички коридор во северниот дел на Сирија и која го користи името Сириски демократски сили (СДФ).

Со исчистување на подрачјето од тероризмот операцијата успешно беше завршена на 25 ноември 2019 година.

Од друга страна, во близина на градот Едирне се фатени две осомничени лица на терористичката организација кои се обидувале преку илегални патишта да избегаат во Грција.

Турските безбедносни сили за време на контролите во близина на селото Јеникадин фатија две осомничени лица на терористичката организација ПКК кои се обидувале преку илегални патишта да избегаат во Грција.

Осомнитечните се однесени во Командата на жандармеријата кадешто ќе им бидат земени изјавите.



Слични вести