Видео-конференциска средба на претседателот Ердоган со Меркел и Мишел: Турција и Грција спремни за прелиминарни разговори

Претседателот Ердоган истакна дека чекорите што ќе ги фрли Грција ќе бидат значајни по прашањето на тоа како ќе напредува консензусот во точката на заживување на каналите за дијалог

1495385
Видео-конференциска средба на претседателот Ердоган со Меркел и Мишел: Турција и Грција спремни за прелиминарни разговори
Erdoğan, Merkel ve Michel Doğu Akdeniz'i görüştü SÜPER FOTO.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа трилатерална видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, на трилатералниот самит што се одржа преку видео-конференција беа обемно разгледани односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

На самитот беше направена проценка и на случувањата во Источниот Медитеран и беше истакнато дека Турција и Грција се спремни за прелиминарни разговори.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека чекорите што ќе ги фрли Грција ќе бидат значајни по прашањето на тоа како ќе напредува консензусот во точката на заживување на каналите за дијалог, а воедно рече дека верува оти ќе произлезат конструктивни одлуки од регионалната конференција којашто ќе се одржи со учество на сите страни, вклучувајќи ги и кипарските Турци. 

Велејќи дека се надева оти Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) којшто ќе се одржи во четврток ќе донесе нов здив во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), Ердоган напомена дека доколку бидат фрлени конкретни чекори со добронамерност по прашањата на Договорот за Царинската унија, визната либерализација и договорот за миграција, лично нема сомневање во тоа дека односите меѓу Турција и ЕУ ќе можат да се пренесат наново во еден позитивен тек.

Ердоган појасни дека развивањето на здрава соработка на Европската унија (ЕУ) со Турција ќе обезбеди придонес за решавање на регионалните проблеми.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека чувствува задоволство од обидите на германската канцеларка Ангела Меркел и на претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел за придавање позитивна агенда на односите меѓу Турција и ЕУ



Слични вести