Претседателот Ердоган пред Генералното собрание на ОН: Уште еднаш е согледана праведноста на тезата „Светот е поголем од пет“

Претседателот Ердоган во своето обраќање истакна дека за време на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се појави слика во која уште еднаш е согледана праведноста на тезата „Светот е поголем од пет“ на којашто инсистира со години

1495450
Претседателот Ердоган пред Генералното собрание на ОН: Уште еднаш е согледана праведноста на тезата „Светот е поголем од пет“
Cumhurbaşkanı Erdoğan BM Genel Kurul SÜPER FOTO.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео-конференција се обрати пред 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Претседателот Ердоган во своето обраќање истакна дека на почетокот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се појави слика во која земјите се препуштени на сопствената судбина и дека на тој начин уште еднаш е согледана праведноста на тезата „Светот е поголем од пет“ на којашто инсистира со години.  

Нагласувајќи дека за да се спречи загубата на угледот кај меѓународните организации првенствено треба да се преразгледаат менталитетот, институциите и правилата, Ердоган рече: „Набрзина треба да ги ставиме во примена обемните и значајни реформи почнувајќи од преструктуирањето на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).“

Тој истакна дека независно од тоа во која земја ќе се произведе вакцината против Ковид-19 којашто ќе биде доведена готова состојба за употреба треба да се стави во заедничка употреба на човештвото.

Во врска со сириската криза, претседателот Ердоган рече: „Не можеме да изнајдеме трајно решение за сириското прашање без претходно како меѓународна заедница да го заземеме истиот принципиелен став против сите терористички организации.“

Ердоган напомена дека земјите како Турција која денеска е домаќин на најголем број мигранти во светот, со пожртвуваноста што ја покажуваат ја спасија честа на целото човештво.

Осврнувајќи се на прашањето на искоренување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК која исто како и ДЕАШ е вгнездена во Ирак, претседателот Ердоган рече дека од меѓународната заедница и од оваа земја (Ирак) се очекува искрена соработка.

Ердоган нагласи дека земјите кои ја истакнаа својата намера за отворање на своја амбасада во Ерусалим (Кудс) со овие свои ставови само се во услуга на доведување до уште поискомплицирана состојба на спорот.

Истакнувајќи дека има земји кои во позадината на присутната затегнатост извесно време како во Источниот Медитеран се раководат од сфаќањето „победникот добива се“, претседателот Ердоган рече: „Апсолутно немаат шанса за успех залудните чекори со намера за исклучување на нашата земја (во Источниот Медитеран). Причината за тешкотиите коишто денеска се доживуваат во регионот, се едностраните чекори коишто ги фрлаат Грција и Кипарско-грчкиот дел со максималистички барања уште од 2003 година.“ 

„Предложуваме да се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат и кипарските Турци и ќе бидат земени во предвид правата на регионалните земји. Единствената препрека пред решението на Кипар, е бескомпромисниот, нефер и разгален став на кипарско-грчката страна.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Тој додаде дека Турција ќе го поддржува секое решение со коешто на траен начин ќе бидат загарантирани безбедноста на кипарско-турскиот народ и историските и политичките права на островот.

 



Слични вести