Претседателот Ердоган денеска ќе одржи трилатерална видео-конференциска средба со Меркел и Мишел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во 14:00 часот по турско време ќе одржи трилатерална видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел.

1495200
Претседателот Ердоган денеска ќе одржи трилатерална видео-конференциска средба со Меркел и Мишел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе одржи трилатерална видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел.

На средбата, претседателот Ердоган се очекува уште еднаш да нагласи дека Турција е на страната на дијалогот во Источниот Медитеран.

Уште еднаш ќе биде подвлечено дека Турција е спремна да седне на преговарачката маса без поставување на никакви предуслови и ќе биде подвлечено дека тензијата ја покачува Грција и дека и страната која треба да фрли чекор е Грција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на трилатералната видео-конференциска средба ќе го повтори очекувањето од Европа да биде „доследна и фер (праведна)“ по прашањето на решавањето на проблемот, а воедно ќе ги пренеси и очекувањата на Турција по прашањата на ажурирањето на Договорот за Царинска унија и визната либерализација меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Трилатералната видео-конференциска средба  се очекува да се одржи во 14:00 часот по турско време.



Слични вести