Потпретседателот Октај: Изјавите на грчката претседателка се провокација

Потпретседателот Фуат Октај покажа реакција на изјавите на грчката претседателка Сакеларопулу во врска со Турција коишто ги даде за време на нејзината посета на Јужната кипарско-грчка управа и истите ги окарактеризира како провокација

1495521
Потпретседателот Октај: Изјавите на грчката претседателка се провокација

Потпретседателот Фуат Октај  во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ направената проценка на зборовите коишто претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ги упати на сметка на Турција за време на нејзината посета на Јужен Кипар и остварените разговори на островот.

Критикувајќи го изразот „окупатор“ којшто го употреби грчката претседателка Сакеларопулу во врска со Турција, Октај рече: Решавањето на Кипарското прашање е поврзано со тоа дали Грција ќе се откаже од  својата Мегали Идеја т.е. Големата идеја (идеологијата за враќање назад на Византија). Кога состојбата е оваа зборовите на грчката претседателка се комични и залуден обид за пропаганда и провокација.“

Потсетувајќи дека Сакеларопулу отиде на островот Меис (грчки Кастелоризо) кој од Атина е оддалечен 580 километри, а веднаш покрај Турција на оддалеченост од само 2 километри каде што приреди шоу со своите војници по што престојуваше во посета на Јужен Кипар од чија страна се негираат (сметаат за ништовни) сите права и интереси на кипатрските Турци вклучувајќи ги и суверенитетот и фундаменталните човекови права, Фуат Октај рече: „Грција и нејзината претседателка  кои отворено го изнесуваат формирањето на власта на Кипарско-грчката Република на островот и ставањето крај на постоењето на кипарските Турци, говорат за тоа дека се зголемува притисокот и агресивноста на турското лидерство кон нивната земја.“   

Октај изјави дека би било корисно претседателката Сакеларопулу сопственичката на овие изјави без историска свест кои мирираст на погрешна пропаганда и провокација да се потсети првенствено за некои историски вистини.

Тој потсети дека Кипар кој во 1571 година беше освоен од страна на Султанот Селим Хан Втори од Венецијанската Република, дека 307 години остана како турска територија и дека овој период е најмирниот и стабилен период во историјата на Кипар.

Периодот од 1878-1960 година на Кипар под британска власт пак, рече Октај, се години кога Грција во секоја прилика го провоцира островот и е во обиди за реализација на „еносис“ (присоединување на Кипар кон Грција).

„Грција, заради своите расистички и фашистички соништа, е земјата која ја сурши партнерската држава која беше формирана со Договорите од 1959-1960 година. Грција е таа која на 15 јули 1974 година го поддржа Никос Сампсон инструментот на Хунтата на полковниците испраќајќи го на островот да изврши воен удар, која згора на тоа прогласи „Елинистичка Република“ и со расистички приод го поддржа секој вид вооружен напад за уништување на кипарскиот турски народ и за елиминирање на неговата политичка волја.“ - рече Октај.

Нагласувајќи дека Турција не е окупатор на Кипар, туку напротив е земјата која го спречи обидот за окупација и присоединување, потпретседателот Фуат Октај проодлжи со следните зборови: „Турција, на 20 јули 1974 година на повик на кипарските Турци и искористувајќи го своето гаранторско право во рамките на договорите од Цирих и Лондон, целосно на легитимен начин се истовари на Кипар и го спаси кипарскиот турски народ од масакр. Ако на Кипар од 1974 година нема војна и судир тоа е само и само благодарение на Турција. Турција, досега даде активна поддршка на сите напори за решение по Кипарското прашање. Меѓутоа, со овие напори не можеше да се постигне резултат поради бескомпромисниот став на кипарско-грчката страна. Грција во овие процеси не само што не одигра позитивна улога, вложуваше напори за продолжување на актуелното статус кво, односно нерешението.“

Октај истакна дека Турција како гаранторска земја од 1960 година досега секогаш беше на страната на трајното решение на Кипарското прашање во рамките на меѓународното право и под надзор на Обединетите нации (ОН), додека Грција го избегнува тоа.

„Под светлината на сите активности коишто до денеска останаа без резултат, она што го разбира Турција од трајно решение на Кипарското прашање, е државна структура со две суверени заедници во која ќе се надгледуваат правичноста и правото на турската и грчката страна. Она што го разбира Грција пак, секогаш е државна структура со единствена заедница од која Турците целосно ќе бидат протерани од островот. Односно нерешението. Решавањето на Кипарското прашање е поврзано со тоа дали Грција ќе се откаже од  својата Мегали Идеја, и ќе се врати во реалноста.

Кога состојбата е оваа зборовите на грчката претседателка се комични и залуден обид за пропаганда и провокација. Турција, како вчера (досега), така и денеска е на страната на решение на Кипар. Доколку од страна на кипарско-грчката двојка се согледаат вистините и повторно дојдат до точка спремни за разговори за решение со  две 'суверени држави', Турција ќе ја поддржи оваа иницијатива. Приодот со којшто се изоставуваат од вид правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и историското присустви на кипарскиот турски народ, нема да има никаков резултат освен да доведе до зголемување на затегнатоста во регионот.

Како резултат од сето тоа, би било корисно грчката претседателка наместо да користи реторика на војна со искреност да ја присвои реториката на мир и комрпомиси несомнено тоа ќе биде во интерес и на нејзината земја, на Јужната кипарско-грчка управа и на целиот регион.“ - порача потпретседател Фуат Октај.

 



Слични вести