Обраќање на Волкан Бозкир на отворањето на 75. заседание на Генералното собрание на ОН

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир одржа говор на отворањето на 75. заседание на Генералното собрание на светската организација

1495522
Обраќање на Волкан Бозкир на отворањето на 75. заседание на Генералното собрание на ОН

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир говореше на отворањето на разговорите на светската организација.

Бозкир во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) рече: „Како човештво за прв пат се соочуваме со една ваква опасност којашто е толку многу блиска до нас. Денеска мораме да ги оставиме настрана нашите недоразбирања.“

Нагласувајќи дека во борбата против Ковид-19 се прави се до крајни граници во здравствените системи и дека прекините во образованието ја доведуваат во опасност заедничката иднина, Волкан Бозкир во своето обраќање рече: „Оние кои имаат најголема потреба од помош претрпуваат најголема штета. Тешкотиите коишто ги доживуваат мигрантите и бегалците, сега попримија уште полоша состојба.“

Тој привлече внимание на тоа дека жените и женските деца се во поранлива состојба пред опасноста од насилство и злоупотреба на сексуална (полова) припадност.

Истакна дека непријателството кон странците, расизмот, дискриминацијата којашто се потпира на етничка и верска основа преминаа во раст и дека се доживува раст во насилствата врз припадниците на верските групи и верските објекти за исполнување на верските обреди.

„Ја споделувам болката на секој поединец кој е загрозен и оштетен од пандемијата и од сиве овие негативни случувања предизвикани од пандемијата.“ - рече Бозкир.

Велејќи дека треба „фер, чесно“ да се разгледа тоа во кои точки е неуспешен меѓународниот систем или каде не може да се адаптира на постојано променливите тешкотии, Волкан Бозкир го подвлече следното: „Значајно е да ги ставиме во примена неопходните реформи Обединетите нации (ОН) да би биле во услуга на својата цел со која се формирани и за да би можеле да ја одиграат улогата што им се паѓа во достигнување до посакуваната иднина.“

Освен тоа, претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир во своето обраќање упати повик на 75-годишнината од формирањето на Обединетите нации (ОН) да се обнови и зајакне приврзаноста кон мултилатералноста.



Слични вести