МО: „Ерменија веднаш треба да прекине да се игра со оган“

Ерменија го прекрши примирјето во азербејџанското подрачје Товуз и уби еден азербејџански војник

1494811
МО: „Ерменија веднаш треба да прекине да се игра со оган“

 

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека Ерменија го прекрши примирјето во азербејџанското подрачје Товуз и уби еден азербејџански војник, поради што веднаш треба да прекине да си игра со оган.

Во објавата која беше споделена од страна на МО преку профилот на твитер беше истакнато следното:

„Ерменија која претходно незаконски го окупираше Нагорно Карабах, сега го прекршува примирјето во подрачјето Товуз и беше причина за ссмртта на еден азербејџански херој. На херојот што загина му изразуваме слава, а на сите азербејџански браќа искрено сочувство. Ерменија веднаш треба да прекине да си игра со оган“.



Слични вести