Министерот Хулуси Акар се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Мешри

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на остварената средба помеѓу министерот Акар и Мешри во зградата на Министерството во Анкара беа разменети мислења во врска со последната ситуација во Либија

1495360
Министерот Хулуси Акар се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Мешри

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на остварената средба помеѓу министерот Акар и Мешри во зградата на Министерството во Анкара беа разменети мислења во врска со последната ситуација во Либија.

Министерот Хулуси Акар, на средбата информира дека ќе продолжи поддршката на Турција на Либија во воената и безбедносната сфера.

Акар стави акцент на 500 годишните историски пријателски и братски врски помеѓу Турција и Либија и го рече следното: „Турција ќе продолжи со активностите за обука и консултација коишто им ги доставува на своите либиски браќа, во воената и безбедносната сфера.“

Појаснувајќи дека Турција стои покрај легитимната Влада на Либија која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН) и дека со сфаќањето „Либија е на Либијците“ Турција ќе продолжи да прави се што е во нејзина можност за стекнување на регионот со стабилност, министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека Турција исто така ја поддржува стабилна, независна и суверена Либија.



Слични вести