Ердоган: „Системот на ОН не е ефикасен во спречувањето и окончувањето на конфликтите“

За да се постигне ефикасност на системот на ОН, најпрвин треба да се остварат реформи во Советот за безбедност

1494807
Ердоган: „Системот на ОН не е ефикасен во спречувањето и окончувањето на конфликтите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека системот на ОН не е ефикасен ниту во спречувањето ниту во окончувањето на конфликтите.

По повод 75-та годишнина од формирањето на ОН, претседателот Ердоган испрати видео порака. Ердоган во пораката рече дека за да се постигне ефикасност на системот на ОН, најпрвин треба да се остварат реформи во Советот за безбедност.

Покрај воспоставените идеали, системот на ОН не е ефикасен ниту во спречувањето на конфликтите ниту пак во окончувањето на започнатите конфликти.

Нагласувајќи дека не е праведно и одржливо што судбината на повеќе од 7 милијарди луѓе структурата на Советот ја остава на милоста и немилоста на 5 земји, Ердоган рече дека сите имавме можност да увидиме дека структурите обликувани според потребите на претходниот век, повеќе не можат да ги надминат денешните тестови со кои се соочуваме. Архитектурата на Советот заснована на демократска, транспарентна, отчетна, ефективна и фер застапеност стана неопходност за човештвото која го надминува изборот. Затоа Турција ќе ги поддржи напорите за претворање на Истанбул, кој важи за раскрсница на културите во еден нов центар на ОН како и анпорите за глобален мир и стабилност.

Ердоган на крајот додаде дека преземањето на должноста претседател на СБ на ОН од страна на еден висок и искусен дипломат и политичар како што е амбасадорот Волнак Боззкир претставува извор на гордост за Турција и шанса за меѓународната заедница. Ви благодарам за благонаклоноста што и ја укажавте на Турција, рече претседателот Ердоган.



Слични вести