Вакцината против Ковид-19 планираме да ја пласираме во првата половина на идната година

Успешно завршија тестовите на 2 од 8 вакцини коишто се тестираат врз животните

1494804
Вакцината против Ковид-19 планираме да ја пласираме во првата половина на идната година

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Вакцината против Ковид-19 на пазарот планираме да ја пласираме во првата половина на идната година“.

По состанокот на кабинетот претседателот Ердоган одржа прес конференција.

Ердоган рече дека Турција во борбата против новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) се премина кон една нова етапа и согласно искуствата со кои се стекнавме и постигнатиот напредок, развивме нови стратегии.

Успешно завршија тестовите на 2 од 8 вакцини коишто се тестираат врз животните. Вакцината во оптег планираме да ја пуштиме во првата половина на 2021 година.

Турција е земја која уште од самиот почеток се најде меѓу земјте коишто беа покажани за пример на глобално ниво од аспект на мерките коишто ги презеде како и услугите што им ги пружи на заразените пациенти. Во тие рамки ќе се интензивираат и заострат мерките како што се контролите на кафетериите и рестораните, активното следење на лицата коишто треба да бидат во изолација, ограничување на движењето на возрасните од над 65 годишна возраст особено во прометните часови на сообраќајот.

Целта на мерките е да се заштити здравјето на сите луѓе, а не да се предизвикаат тешкотии“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести