Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Приоритетен дневен ред на состанокот што се одржува во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, се случувањата во Источниот Медитеран

1494665
Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Претседателскиот кабинет се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Приоритетен дневен ред на состанокот што се одржува во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, се случувањата во Источниот Медитеран.

Во тие рамки, ќе биде направена проценка на резултатите од последните чекори коишто ги фрли Анкара за намалување на затегнатоста.

На состанокот ќе биде разгледан и растот во бројот на случаите во последно време во епидемијата на коронавирусот и ќе се разговара за новите мерки коишто ќе би можеле да бидат преземени во борбата против вирусот.

Освен тоа, ќе бидат разгледани и разговорите коишто ги одржуваат турските делегации во своите соговорници по прашањата со Либија и Сирија, како и борбата против тероризмот и економските случувања.

На крајот на состанокот се очекува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да даде изјава за претставниците на печатот.



Слични вести