Претседателот Ердоган пред Лидерскиот самит на ЕУ ќе одржи трилатерална средба со Меркел и Мишел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе одржи трилатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел

1494500
Претседателот Ердоган пред Лидерскиот самит на ЕУ ќе одржи трилатерална средба со Меркел и Мишел

Анкара продолжува со своите интензивни дипломатски активности пред претстојниот Лидерски самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи на 24 и 25 септември, а на кој ќе бидат поставени на разгледување и случувањата во Источниот Медитеран.

Во тие рамки, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе одржи трилатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) и претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел.

На средбата, претседателот Ердоган се очекува уште еднаш да нагласи дека Турција е на страната на дијалогот во Источниот Медитеран.

Уште еднаш ќе биде подвлечено дека Турција е спремна да седне на преговарачката маса без поставување на никакви предуслови и ќе биде подвлечено дека тензијата ја покачува Грција и дека и страната која треба да фрли чекор е Грција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на трилатералната средба ќе го повтори очекувањето од Европа да биде „доследна и фер (праведна)“ по прашањето на решавањето на проблемот, а воедно ќе ги пренеси и очекувањата на Турција по прашањата на ажурирањето на Договорот за Царинска унија и визната либерализација меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).



Слични вести