Претседателот Ердоган покрена тужба против грчкиот весник кој го објави тој погрден наслов

Претседателот Ердоган со посредство на својот адвокат покрена тужба против сопственикот на грчкиот весник „Димократија“, директорите за уреднички работи и главниот и одговорен уредник на овој весник, со обвинение за „навреда против претседател“.

1494460
Претседателот Ердоган покрена тужба против грчкиот весник кој го објави тој погрден наслов

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поднесе тужба против грчкиот весник кој во изминатите денови на својата насловна страница објави погрден наслов со тешка навреда и пцуење против него.

Ердоган со посредство на својот адвокат покрена тужба против сопственикот на грчкиот весник „Димократија“, директорите за уреднички работи и главниот и одговорен уредник на овој весник, со обвинение за „навреда против претседател“.

Во поднесената кривична пријава се вели „изразите коишто се употребуваат во грчкиот весник против нашиот почитуван претседател, се едниот од најгрдите манифестации на еден драматичен морален колапс“, а воедно се подвлекува следното: „Ако се погледне кон молкот на грчката јавност се подразбира дека овој морален колапс не е ограничен со маргиналните средини.“

Во поднесената кривична пријава се додава и следното: „Пцуењето, е јазикот на оние кои немаат што да кажат или заедно со тоашто имаат што да кажат не располагаат со способност тоа да го кажат со соодветен јазик. Пцуењето, е акт на еден голем срам и понизност за оној од чија страна се користи, а не за оној за кого се употребува. Цел на овој понизен акт, не е само личноста на нашиот претседател. Истовремено се и високите интереси на нашиот народ коишто се бранат со одлучност од страна на нашиот претседател, во Средоземното Море и во Островското Море (Егејското Море).“



Слични вести