Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за погодените во катастрофалните поплави во Судан

На погодените од катастрофалните поплави во Судан од страна на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ им се доделени пакети со помош во храна на 432 семејства во областа Калакле во главниот град Картум, како и на уште приближно 5 илјади загрозени лица

1494209
Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за погодените во катастрофалните поплави во Судан

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ додели пакети со помош во храна на 432 семејства во областа Калакле, едната од најмногу погодените места во главниот град на Судан, Карум, во катастрофата од поплави, како и на приближно 5 илјади лица во оваа североисточно африканска држава. 

Претседателот на Делегацијата на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Судан Сердар Јилмаз истакна дека „Кизилај“ веднаш по поплавите ги започна своите работи за испраќање хуманитарна помош,  во чии рамки како последно им додели пакети со помош во храна на 432 семејства во областа Калакле, во главниот град Картум.

Велејќи дека на територијата на Судан им е раздадено курбанско месо на 50 илјади лица погодени од поплавите, Јилмаз рече дека исто така им се доставени пакети со помош во храна и на приближно 5 илјади лица.

Освен тоа, турските граѓански организации им доставија хуманитарна помош на семејствата оштетени од поплавите во вредност од 500 илјади долари.

Турските граѓански организации, освен пакети со храна и средства за хигиена на погодените Суданци од поплавите им доделија и хуманитарна помош составена од курбанско месо, топла храна, како и ќебиња и мрежи за комарци, за заштита од студ и маларија.    

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Судан, во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд коишто неколку недели како владеат во земјата, досега животот го загубија 121 лице.

Поради поплавите се делумно оштетени или целосно доведени во неупотреблива состојба и повеќе од 100 илјади куќи.

Советот за одбрана и безбедност на Судан, поради катастрофата од поплавите на 5 септември прогласи тримесечна итна состојба во земјата.



Слични вести