Либискиот министер за одбрана Немруш: Ја продолжуваме соработката со Турција

Либискиот министер за одбрана Салахадин ен-Немруш соопшти дека почнаа да се применуваат програми со Турција во правец на повторната изградба и развојот на либиската армија

1494107
Либискиот министер за одбрана Немруш: Ја продолжуваме соработката со Турција

Либискиот министер за одбрана Салахадин ен-Немруш во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека Министерството за одбрана разговара со турската страна која ја поддржува легитимната Влада во Либија и дека контактите продолжуваат.

Немруш соопшти дека почнаа да се применуваат програми со Турција во правец на повторната изградба и зајакнувањето и развојот на либиската армија.

„Заедно со турската страна почнавме да ги применуваме програмите за изградба на вооружените сили и повторното преструктуирање и развој на воздушната одбрана, флотата, борбата против тероризмот и специјалните сили.“ - рече либискиот министер за одбрана Салахадин ен-Немруш.

Велејќи дека во тој контекст изградбата на првиот центар за обука се подготвува западно од главниот град Триполи, Немруш напомена дека приоритет ќе претставува да се формира армија според меѓународни стандарди.

Либискиот министер за одбрана Салахадин ен-Немруш во објавеното соопштение на 17 август, исто така соопшти дека постигнале согласност со министрите за одбрана на Турција и Катар по прашањето на поддржување на Либија за изградба на воените институции и во сферите на обуката и консултациите.



Слични вести