Во антитерористичка операција кај градот Хаќќари се неутрализирани двајца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во руралното подрачје на градот Хаќќари во рамките на операцијата „Молња-2 Џило“ се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1493926
Во антитерористичка операција кај градот Хаќќари се неутрализирани двајца терористи

Во руралното подрачје на градот Хаќќари, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во руралното подрачје на градот Хаќќари во рамките на операцијата „Молња-2 Џило“ е реализирана заедничка операција од страна на градската команда на жандармеријата и градската дирекција на полицијата.

Во соопштението се вели дека во операцијата поддржана и од воздух се неутрализирани двајца терористи и дека операцијата во подрачјето продолжува.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно во соопштението што го сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното:

„Операциите Молња се како 'молња'. Уште една вест од Хаќќари. Веста ќе пристигне по кусо време. Честитки јунаци. Аллах да не дозволи ниту камен да ви допре на нозете (Аллах да ве чува од секое зло).“



Слични вести