Реакции против погрдниот наслов на грчкиот весник во врска со претседателот Ердоган

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажаа реакција против погрдниот наслов во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган којшто беше објавен во еден грчки весник.

1493934
Реакции против погрдниот наслов на грчкиот весник во врска со претседателот Ердоган

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажаа реакција против погрдниот наслов во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган којшто беше објавен во еден грчки весник.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар својата реакција го истакна следното: „Жестоко го осудуваме крајно погрдниот израз на грчкиот весник којшто нема никаква врска со новинарството, кој цели против нашиот почитуван претседател и кој апсолутно не се прифаќа од страна на никој разумен човек со здрав разум, вклучувајќи го и грчкиот народ. Овој документ на срам којшто ќе остане како црна дамка во историјата на грчкиот печат.“

Акар нагласи дека очекуваат од страна на грчките органи веднаш да бидат преземени неопходните административни и правни постапки во врска со овие неморални кои имаат за цел да ги саботираат односите помеѓу двете земји и кои ионака се осудени во совеста на јавноста. 

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин исто така покажа реакција против погрдниот наслов на грчкиот весник во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го рече следното: „Најжестоко го осудувам тоа, го поколнувам. Бидејќи, овој објавен наслов нема никаква врска со слободата на печатот и слободата на изразување. Ова е провокација.“ 

Осврнувајќи се и на споделената објава од страна на францускиот претседател Емануел Макрон преку социјалната мрежа Твитер во врска со Источниот Медитеран на турски јазик, портпаролот Калин го истакна следното: „Објавувањето на порака од страна на господинот Макрон на турски е убав, симпатичен чекор, меѓутоа повеќе од зборот е значајно значењето. Треба да се погледне на што се мисли и во каква политичка стратешка рамка се поставува тоа. Според мое мислење, господинот Макрон не ја чита правилно светската политика.“



Слични вести