Реакција од Турција против пресудата на рускиот суд во врска со кримските Татари

Министерството за надворешни работи соопшти дека пресудите коишто се изречени во врска со 7 мина кримски Татари претставуваат пример за тоа дека продолжуваат со нивно зголемување политиките на заплашување и потчинување кон кримските Татари

1493528
Реакција од Турција против пресудата на рускиот суд во врска со кримските Татари

Турција покажа реакција против пресудите на рускиот суд во врска со кримските Татари.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека пресудите коишто се изречени на 16 септември во врска со 7 мина кримски Татари претставуваат пример за тоа дека продолжуваат со нивно зголемување политиките на заплашување и потчинување кон кримските Татари.

Во соопштението се вели следното: „Буди жалење тоа што турската татарски заедница, како суштински елемент на Кримскиот полуостров, се држи под притисок со вакви видови методи. Турција освен тоа што не ја признава нелегитимната анексија на Крим, Таа ќе продолжи да стои покрај своите сонародници кримските Татари, кои своите права и интереси ги бранат по мирољубиви патишта  и се обидуваат да го прочујат својот глас преку демократски методи.“



Слични вести