Претседателот Ердоган: Турција е од земјите кои се подложени на најмала штета на епидемијата

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа истакна дека Турција е од земјите кои се подложени на најмала штета на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1493667
Претседателот Ердоган: Турција е од земјите кои се подложени на најмала штета на епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од Истанбул преку видео-конференција учествуваше на церемонијата на отворање на делот од делницата Гебзе-Измит на Автопатот Северна Мармара.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа истакна дека Турција е од земјите кои се подложени на најмала штета на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Нагласувајќи дека фрлаат чекори Турција да стане глобална и регионална сила, Ердоган рече: „Непрекинатите напади на коишто е подложена Турција во последните 7 години, всушност целеа против нашата економија. Со епидемијата се соочивме во еден ваков период. Епидемијата имаше негативни влијание во разорен степен врз сите држави. Фала му на Бога (Хамдолсун) Турција е меѓу земјите кои се подложени на најмало влијание од сиве овие негативности. Со голем број применувања зазедовме место покрај нашиот народ.“

Претседателот Ердоган напомена дека во третиот квартал на годината почна да се произведува со што се надминати значаен дел од влијанијата на епидемијата и го рече следното: „Под влијание на погодните финансиски можности коишто ги обезбедивме, редум пристигнуваат рекорди во продажбата на станови и автомобили. Во наредниот период ќе дојде до зголемување на вработувањето. Иншаллах (со Аллахова помош), третиот квартал ќе го затвориме со стапка на раст којшто ќе ги задоволи сите средини.“

Во однос на проценките на меѓународните институции за кредитен рејтинг во врска со Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Со нашиот успех ќе им го дадеме најдобриот одговор на оние кои Турција ја внесуваат во иста категорија на оценка со најоддалечените земји на Африка и Јужна Америка.“



Слични вести