Претседателот Ердоган сподели објава од отворањето на 5-от дел на автопатот Северна Мармара

Под објавата беше споделена и информацијата дека тунелот Т-2 долг 4 200 метри кој се наоѓа во рамките на проектот е најдолгиот автопатски тунел на Турција

1493742
Претседателот Ердоган сподели објава од отворањето на 5-от дел на автопатот Северна Мармара

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган сподели објава од отворањето на 5-от дел на автопатот Северна Мармара.

Ердоган под објавата преку профилите на социјалните мрежи го истакна следното:

„Аирлија нека е отворањето на раскрсницата Гебзе-Измит која претставува дел од авопатот Северна Мармара.

Пружањето услуги на народот е патување без станица.“

Под објавата беше споделена и информацијата дека тунелот Т-2 долг 4 200 метри кој се наоѓа во рамките на проектот е најдолгиот автопатски тунел на Турција.

Меѓудругото беше споделена и информацијата дека од патот долг 400 км завршени се 321,2 км, денес беа отворени 57,4 км од автопатот, а посебен акцент беше ставен на податоците дека по должината на автопатот се наоѓаат 7 виадукти, 5 тунели со двојни цевки, 25 мостови, 9 крстоносници, 12 надвозници и 16 подвозници.

Под графикот беа објавени вкупната вредност на инвестицијата која изнесува 14 милијарди 296 милиони долари како и делови од денешниот говор во живо на претседателот Ердоган од говорот на свеченото отворање.



Слични вести