Претседателот Ердоган со порака по повод 19 Септември - Денот на газиите (воените ветерани)

Претседателот Ердоган истакна дека турскиот народ е народ газија и дека чувствуваат гордост од тоа што се припадници на овој народ

1493644
Претседателот Ердоган со порака по повод 19 Септември - Денот на газиите (воените ветерани)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод Денот на газиите (воените ветерани) нагласи дека сфаќањето на светата војна „газа“ се наоѓа меѓу водечките вредности во продолжувањето на постоењето на народот и земјата и во доведувањето на анадолските територии во положба на татковина.

Ердоган истакна дека турскиот народ е народ газија и дека чувствуваат гордост од тоа што се припадници на овој народ.

Тој рече: „Ние сме народ кој има 78 алеји на паднати борци (шехиди) во 34 одделни земји во светот. Ние сме генерација која пораснала со светите спомени на нашите херои кои воделе борба од Балканските војни до Чанаккале, од Египет и Сирија до Галиција, од Кавкаскиот фронт до Борбата за независност на сите четири страни на нашата географија.“

„Нашиот народ како во минатото така и денеска велејќи 'ако умреме сме шехид, ако останеме газија' продолжува да ја брани својата независност и иднина. Нашите газии свесни за вредностите коишто ги претставуваат со нивната љубов кон татковината и јунаштвата се предводници (водичи) на новите генерации. Поносни сме со тоа што нашите јунаци секој ден им додаваат нови на еповите коишто ги пишуваат внатре во земјата и надвор од земјата.“  - констатира претседателот Ердоган.

Велејќи дека народот освен тоа што со овие свои чувствителности ги брани својата земја и себе си воедно е дојден во положба на надеж за сите угнетени, загрозени и свои сонародници во својот регион и во светот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното:

„Мобилизирајќи ги сите можности за нашите газии (воените ветерани) ги фрламе чекорите коишто треба да бидат фрлени. И ќе продолжиме да го правиме она што е неопходно за нашите газии чии сме поддржувачи секогаш. Со најискрени чувства ја честитам годишнината од доделувањето на титулата 'Маршал и Гази' на основоположникот на нашата Република Гази Мустафа Кемал за неговото водство во Борбата за независност и Денот на газите (воените ветерани). Ја доставувам мојата благодарност до сите наши херои на кои им должиме за нашата независност и кои овие територии ги претворија во наша татковина.“



Слични вести