Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да ги браниме до крај ѝ секоја капка вода ѝ секоја педа земја на нашата татковина

Претседателот Ердоган истакна дека Република Турција е коренита и древна држава со минато од 2 илјади години и дека ќе продолжи да се брани до крај ѝ секоја капка вода и секоја педа земја на татковината

1493780
Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да ги браниме до крај ѝ секоја капка вода ѝ секоја педа земја на нашата татковина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со акцент на решението и дијалогот кадешто истакна дека Република Турција е коренита и древна држава со минато од 2 илјади години.

Претседателот Ердоган информира дека имаат за цел да го слушнат секој искрен повик и со тоа да и се придаде простор на дипломатијата и да се изнајде решение за проблемите преку дијалог од што ќе може да профитира секој.

„Република Турција е коренита и древна држава со минато од 2 илјади години. Без да западнеме во никаков комплекс, сите процеси низ коишто поминуваме ги водиме на достоинствен и зрел начин, апсолутно не им обрнуваме внимание на упорните провокации. Ние имаме за цел да го слушнаеме секој искрен повик и со тоа колку што е можно да и придадеме простор на дипломатијата и да се изнајде решение за проблемите преку дијалог од што ќе може да профитира секој. Со оваа визија ќе продолжиме да ги браниме до крај ѝ секоја капка вода ѝ секоја педа земја на нашата татковина.“



Слични вести