Нов „NAVTEX“ од Турција: „Барбарос Хајреддин Паша“ своите истражувања ќе ги продолжи до 18 октомври

Според новата објавена навигациска информација „NAVTEX“ бродот Барбарос Хајреддин Паша своите сеизмички истражувања во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран ќе ги продолжи до 18 октомври

1493494
Нов „NAVTEX“ од Турција: „Барбарос Хајреддин Паша“ своите  истражувања ќе ги продолжи до 18 октомври

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која се истакнува дека бродот за сеизмички истражувања „Барбарос Хајреддин Паша“ своите сеизмички истражувања ќе ги продолжи до 18 октомври.

Според овој издаден нов „NAVTEX“ задачата на бродот ќе трае од 18 септември до 18 октомври.

На тој начин бродот „Барбарос Хајреддин Паша“ заедно со бродовите „Tanux-1“ и „Apollo Moon“ ќе ги продолжи своите сеизмички истражувања во утврдената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран.

 



Слични вести