Во подрачјето на градот Битлис започната нова антитерористичка операција „Молња-12 Бешкајнак“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Битлис е започната нова антитерористичка операција „Молња-12 Бешкајнак“ во која учествуваат 747 припадници на безбедносните сили

1493359
Во подрачјето на градот Битлис започната нова антитерористичка операција „Молња-12 Бешкајнак“

Во подрачјето на градот Битлис, во југоисточниот дел на земјата, е започната нова антитерористичка операција „Молња-12 Бешкајнак“ во која учествуваат 747 припадници на безбедносните сили.

Од страна на градската команда на жандармеријата во Битлис е започната операцијата „Молња-12 Бешкајнак“ со цел целосно исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето, е започната операцијата „Молња-12 Бешкајнак“.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во операцијата учествуваат 747 припадници на безбедносните сили 44 тимови составени од жандармериски командоси на задача во градската команда на жандармеријата во Битлис, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и симови на безбедносни чувари.

Во рамките на операциите Молња 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата и кои започнаа од 13 јули, досега се неутрализирани вкупно 71 терорист.

Во операциите воедно се фатени 38 соработници на терористите, уништени се 141 пештера, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести