Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загинаа двајца турски војници, еден војник е ранет

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ којашто продолжува во северниот дел на Ирак станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а еден војник е ранет

1493124
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загинаа двајца турски војници, еден војник е ранет

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ којашто продолжува во северниот дел на Ирак станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во отворениот провоцирачки оган со ракетен фрлач на 17 септември 2020 година од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација врз нашата база во подрачјето на операцијата 'Шепа-Тигар', станаа шехиди (загинаа) двајца наши јуначки соборци, а еден наш јуначки соборец е ранет.“

Во соопштението се вели дека ранетиот војник е префрлен во болница на лекување.



Слични вести