Турција остро реагираше на одлуката на ЕП во врска со препораката за Турција

ЕП го губи својот престиж со својот пристрасен и неправеден став и невалидните и еднострани толкувања на поморското право за кое нема овластување

1493106
Турција остро реагираше на одлуката на ЕП во врска со препораката за Турција

 

Турција соопшти дека одлуката за препорака која што беше усвоена на 17 септември 2020 година од страна на Генералното собрание на Европскиот парламент е многу далеку од вистините и е неприфатлива од многу аспекти.

Министерството за надворешни работи во врска со одлуката  на ЕП против Турција го објави следното сооптшение:

„Одлуката за препорака од 17 септември 2020 година, што беше усвоена на седницата на Генералното собрание на ЕП е насочена само за солидарност на ЕУ и себичните интереси на некои земји-членки, но е неприфатлива од многу аспекти.

Прифаќањето на една ваква пристрасна препорака и покрај сите наши напори на сите нивоа до сите институции на ЕУ, вклучително и земјите-членки и ЕП, е некомпатибилно со добрата волја и здравиот разум.

Ставот на ЕП е „пристрасен и неправеден“.

ЕП го губи својот престиж со својот пристрасен и неправеден став и невалидните и еднострани толкувања на поморското право за кое нема овластување“.

Во соопштението беше упатен повик до институциите на ЕУ и ЕП да бидат праведни во однос на  дискутабилните прашања меѓу државите. Ниту ЕП, ниту ЕУ, ниту земјите-членки на ЕУ немаат овластување да ги одредуваат границите и надлежностите на трети земји. Ако ЕП и останатите институции на ЕУ навистина се искрени во однос на изнаоѓањето решение и европскиот компромис, тогаш треба да покажат само олеснителен и компромисен став, треба да бидат без предрасуди во однос на земјата кандидат Турција, да бидат на страната на праведноста во однос на дискутабилните прашања и да не бидат пристрасни.

Турција против неправедниот став кој беше изнесен против неа, покажа добра волја и разумен став наспроти провокативни активности. Турција и ТРСК ќе продолжат да ги бранат своите интереси што произлегуваат од меѓународното право.

На седницата на Генералното собрание на ЕП беше усвоена неприфатлива предлог одлука со препорака на Турција во врска со Источниот Медитеран.



Слични вести