Ердоган оствари телефонски разговор со Мишел

Главна тема на разговорот беа односите меѓу Турција и ЕУ и случувањата во Источниот Медитеран

1492881
Ердоган оствари телефонски разговор со Мишел

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел.

Според соопштенито кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган и претседателот на Советот на ЕУ Мишел разговараа за односите меѓу Турција и ЕУ и случувањата во Источниот Медитеран.

Претседателот Ердоган го повтори повикот до европските установи и земјите членки на ЕУ за „објективен и конзистентен став за сите регионални прашања, особено Источниот Медитеран, без да наседнат на евентуалните провокации“.

„Турција е отворена за решение кое ќе се заснова на искрен дијалог и праведност и ќе ги штити правата на сите страни“,  рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека Турција секогаш и секаде ќе продолжи решително да ги штити своите права наспроти обидите за евентуално игнорирање и еднострани чекори против Турција.



Слични вести