Ердоган: „Немаме никаков проблем за одржувње средба со Мицотакис“

Ако бродот Оруч Реис го повлековме за одржување и порпавка во пристаништето, тоа има свое знаачење. Сакаме да и дадеме шанса на дипломатијата.

1493198
Ердоган: „Немаме никаков проблем за одржувње средба со Мицотакис“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Немаме никаков проблем за одржувње средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис“.

Претседателот Ердоган по петочниот намаз што гоклањаше во Истанбул, одржа прес конференција и одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган во изјавата се осврна на окончувањето на истражувањата на бродот за сеизмички истражувања Оруч Реис во Источниот Медитеран и повлекувањето и усидрувањето во пристанштето во Анталја.

„Ако бродот Оруч Реис го повлековме за одржување и порпавка во пристаништето, тоа има свое знаачење. Сакаме да и дадеме шанса на дипломатијата. Затоа и го направивме тоа. Но повлекувањето на бродот Оруч Реис за одржување и поправка, не значи дека целосно се повлековме од сеизмичките истражувања. Кога ќе завршат овие активности, бродот ќе се врати на старата задача и ќе продолжи со истражувањата.“

Во свртот на средбата со Мицотакис, претсдетаелот Ердога рече дека нема никаков проблем.

„Но што ќе разговараме. Во кои рамки ќе расговараме, суштинското прашање е тоа.“

Надоврзувајќи се на односите со Египет, Ердоган рече:

„Одржувањето разузнавачки средби со Египет е различна прашање, ќе ги оствариме. Нема ниту една пречка, но постигнувањето договор со Грција не разочара.“

Во освртот на случувањата во Либија, претседателот Ердоган рече:

„Пучистот Хафтер (лидерот на вооружните групи во Источна Либија) на крајот ќе загуби, тоа јсно го гледаме.“



Слични вести