Чавушоглу: Грчкиот амбасадор во Анкара го повикавме во Министерството за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека поради понизен наслов во врска со претседателот Ердоган објавен во еден грчки весник, амбасадорот на Грција во Анкара е повикан во Министерството за надворешни работи

1493380
Чавушоглу: Грчкиот амбасадор во Анкара го повикавме во Министерството за надворешни работи

Турција даде дипломатски одговор на понизниот наслов на еден грчки весник... 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека поради понизен наслов во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објавен во еден грчки весник, амбасадорот на Грција во Анкара е повикан во Министерството за надворешни работи.

Чавушоглу рече: "Грчки весник објави понизен наслов (во врска со претседателот Реџеп Тајип Ердоган). Грчкиот амбасадор го повикавме во Министерството."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде и следното: "Во нашите информативни органи се изнесуваат критики против некои грчки политичари, не критикуваат и нас, и тоа уште потешко, тоа го дочекуваме со жалење, но тоа е можно. Меѓутоа, навредата, пцуењето, не треба да се оценуваат во рамките на слободата на печатот. /... /. И нашиот оддел за комуникации ги презема неопходните иницијативи. За жал нивото е тоа, ќе ги преземеме неопходните иницијативи и ќе ги започнеме неопходните постапки."



Слични вести