Во штабот на НАТО започна четвртиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

Министерството за национална одбрана соопшти дека денеска во штабот на НАТО, во Брисел, започна четвртиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кој ќе се разговара за „методите за разградување“

1492357
Во штабот на НАТО започна четвртиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

Во штабот на НАТО започна четвртиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција во чии рамки се разговара за „методите за разградување“.

Во период кога продолжува тензичната состојба во Источниот Медитеран, продолжуваат да се водат и разговори во НАТО во правец на елиминирање на ризикот од евентуален воен судир.

Во тие рамки, денеска во штабот на НАТО во Брисел по четврти пат се состанаа воените функционери на Турција и Грција.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во штабот на НАТО започна четвртиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кој ќе се разговара за „методите за разградување“.

Инаку, техничките разговори помеѓу Турција и Грција започнаа пред 3 недели на иницијатива на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Воените делегации на двете земји денеска повторно седнаа околу масата.

Турските и грчките воени функционери разговараат за „методите за разградување“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно истакна дека треба да се формира механизам којшто ќе го спречи евентуалниот воен судир помеѓу двете земји, членки на Алијансата, а воедно напомена дека се надева оти техничките разговори помеѓу воените делегации ќе придонесат и за политичките преговори со посредништво на Германија.



Слични вести