Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани 11 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, се неутрализирани 11 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1492287
Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани 11 терористи

Од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, се неутрализирани 11 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштени од страна на Министерството за национална одбрана по ова прашање се истакнува дека терористите отвориле провоцирачки оган е се обиделе да се префрлат во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит.

Во соопштението се вели дека притоа од страна на елементите на Турските вооружени сили (ТВС) се неутрализирани 11 терористи, припадници на ПКК/ЈПГ.

Инаку, од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) во август 2016 година ја започнаа операцијата Еуфратски штит против терористичката организација ДЕАШ и ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, а во октомври 2019 година беше започната операцијата Извор на мирот против ПКК/ЈПГ која беше во обид за формирање терористички коридор во подрачјето.

Со овие две реализирани прекугранични операции северниот дел на Сирија беше исчистен од терористичките групи.



Слични вести