Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Меркел

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во разговорот беа разгледани односите помеѓу Турција и Германија и регионални случувања

1492039
Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Меркел

Претседателот Реџеп Таjjип Ердоган оствари видео конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во разговорот беа разгледани односите помеѓу Турција и Германија и регионални случувања.

Претседателот Ердоган истакна дека сè додека постои приод на основа на конструктивност и праведност по прашањето на Источниот Медитеран недоразбирањата можат да се решат со преговори и компромис. 

Укажувајќи на тоа дека европските држави треба да бидат праведни и доследни по прашањето на Источниот Медитеран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека ќе продолжи да се води одлучна и активна политика до крај по прашањето на правата на Турција.



Слични вести