Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да го правиме она што е правилно и за доброто на нашата земја

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде го рече следното: „Ќе продолжиме да го правиме она што е правилно и за доброто (аирлија) на нашата земја.“

1492382
Претседателот Ердоган: Ќе продолжиме да го правиме она што е правилно и за доброто на нашата земја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во седиштето на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) учестуваше на состанокот на претседателите на градските ограноци на партијата во проширен состав.

Ердоган истакна дека дури и кога би биле срамнети со земјата целосно европската и американската демократија и економија, ќе продолжат да го издигнуваат турскиот народ во секоја сфера.

Велејќи „Заедно со нас одлучни сме да ја водиме истата борба за сите наши пријатели и браќа“, претседателот Ердоган рече: „Тоа се нарекува турски модел. Со поддршка на нашиот народ ќе продолжиме да го правиме она што е правилно и за доброто (аирлија) на нашата земја.“

Претседателот Ердоган, во својот говор во врска со надворешната политика што ја води Турција, го подвлече следното: „Зарем доколку Турција се повлече целосно, Сирија ќе се стекне со мир, спокојство и слобода? Зарем доколку Турција се прави дека не ја гледа играта што се приредува, северниот дел на Ирак ќе биде исчистен од тероризмот? Зарем доколку Турција го сврти својот грб пучистите во Либија ќе ја предадат власта на легитимната управа? Зарем доколку Турција се откаже од сѐ недоволниот (неспособниот), но прекумерно страствениот од Франција (претседателот Емануел Макрон) ќе се откаже од својата политика? Во тој случај, зарем државите кои имаат пресметки во регионот ќе остават настрана сѐ и ќе си заминат? Зарем оние кои ни поставуваат економски стапици ќе ни дадат поддршка? Ако одговорот на сиве овие прашања гласи 'Да', тогаш и ние би ја преразгледале политиката што ја следиме.“

 



Слични вести