МНР на Турција: Не постои заедничка основа и визија за решение помеѓу двете страни на Кипар

Портпаролот на МНР Хами Аксој одговори на последните изјави на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во врска со решавањето на Кипарското прашање и рече дека не постои заедничка основа и визија за решение помеѓу двете страни на островот

1492474
МНР на Турција: Не постои заедничка основа и визија за решение помеѓу двете страни на Кипар

Турција, по изјавите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во врска со Кипарското прашање, соопшти дека не постои основа и визија за решение помеѓу двете страни на островот.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој одговори на последните изјави на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во врска со решавањето на Кипарското прашање.

Аксој нагласи дека состанокот 5+ОН (Турската и грчката страна на Кипар, земјите гарантори Турција, Грција и Велика Британија и Обединетите нации) за којшто Гутерес истакна дека ќе се одржи по претседателските избори идниот месец (во октомври) во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), од аспект на Турција не значи дека ќе се одржат нови преговори.

„Не постои заедничка основа и визија за решение помеѓу двете страни на островот. Сите процеси на преговори во минатото резултираа со неуспех поради тоа што кипарско-грчката страна не го прифаќа политичкото единство како потреба на партнерството на островот и не се исполнува конкретно внатрешноста на политичката еднаквост. Под тоа пак, лежи тоа што кипарско-грчката страна не сака да ги сподели подеднакво со кипарско-турската страна ѝ власта ѝ природните богатства.“ - рече Хами Аксој.

Тој подвлече дека за партнерството коешто ќе се формира на Кипар, кипарско-грчката страна треба да ја прифати политичката еднаквост.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го додаде и следното: „Доколку не може да се направи тоа, тогаш двете страни треба да влезат во нов преговарачки процес на основа на суверена еднаквост, над решение со две држави. /.../. Во спротивно, Турција, како што објаснивме голем број пати и претходно, нема да влезе во еден нов преговарачки процес на нејасна основа и со методи коишто во минатото биле неуспешни.“



Слични вести