Чавушоглу: И покрај одредени позитивни пораки Грција не се откажува од своите максималистички полиитки

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека од страна на Грција во последно време пристигнуваат умерени пораки по прашањето на Источниот Медитеран, меѓутоа напомена дека Грција не се откажува од своите максималистички полиитки

1492302
Чавушоглу: И покрај одредени позитивни пораки Грција не се откажува од своите максималистички полиитки

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал, кадешто направи проценки во врска со актуелниот дневен ред.

Чавушоглу истакна дека од страна на Грција во последно време пристигнуваат умерени пораки по прашањето на Источниот Медитеран, меѓутоа напомена дека Грција не се откажува од своите максималистички полиитки.

Во врска со последните случувања по прашањето на Источниот Медитеран, Чавушоглу подвлече дека Грција не се откажува од своите максималистички приоди и дека треб ада го напушти овој нејзин став, а воедно повтори дека Турција е спремна за преговори без предуслов и дека може да преговара со секого.

Осврнувајќи се на изјавите коишто ги дава грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во последно време по прашањето на Источниот Медитеран, Мевлу Чавушоглу го рече следното: „Пораките коишто пристигнуваат од грчкиот премиер 2 до 3 дена се поумерени. Во последно време почнаа да пристигнуваат поумерени пораки. 

„Грција искористувајќи ја приликата за враќање на бродот „Оруч Реис“ во пристаништето на Анталија во рамките на рутинските активности коишто се реализираат периодично за одржување, смена на персонал и подготвување за следната мисија, почна да дава попозитивна порака“ - рече Чавушоглу, меѓутоа напомена дека од една страна велејќи „бараме повеќе од тоа“ ги продолжуваат своите максималистички ставови.

Тој, истакна дека Грција ова време би можела да го искористи како прилика и дека тоа ќе се види во наредните денови.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу укажа дека Турција го задржува своето право во областа кадешто бродот „Оруч Реис“ реализира сеизмички истражувања и го рече следното: „Така да доколку не биде искористена и оваа прилика ние откако ќе заврши одржувањето на ист начин ќе ги продолжиме нашите активности на одлучен начин како и досега.“

Осврнувајќи се и на картата на Грција од Севиља, Чавушоглу го подвлече следното: „Како прво Грција треба да соопшти дека не ја прифаќа оваа карта. Се додека стои оваа карта е е можно да ги решиме овие проблеми. Се додека постои оваа карта нема да има ниту преговори. И доколку би имало преговори не можете да постигнете резултат. Штом нема да, се постигне резултат нема корист и од со станување. Оттука да не произлезе коментар дека не сакаме преговори. Ние сакаме преговори, меѓутоа преговорите да бидат со резултат и во рамките на правичноста.“

Мевлут Чавушоглу напомена дека ќе почне да се држи на дневен ред прашањето на наоружување на Егејските острови од страна на Грција и додаде дека и ова прашање е дел од експлораторските (истражувачките) разговори.



Слични вести