„Аксунгур“ натоварен со полн капацитет муниција леташе подолго од еден ден

Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“ оствари 28 часовен лет со 12 проектили MAM-L (мини умна муниција) развиени од страна на „РОКЕТСАН“

1492644
„Аксунгур“ натоварен со полн капацитет муниција леташе подолго од еден ден

Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“, дизајнирано и произведено од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), за прв пат натоварен со полн капацитет муниција леташе подолго од еден ден на надморска височина од 20 илјади фита.

Според објавеното соопштение од Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), работите во врска со „Аксунгур“ продолжуваат без намалување на брзината. 

„Аксунгур“ кој претходно остана во воздух во текот на 49 часа, привлекува внимание и со своите други можности и способности со коишто располага.

Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“, со својот капацитет за носење товар со висока корисност од 750 килограми, може да реализира задачи за разузнавање, набљудување, извидување и офанзива деноноќно, под секакви временски услови.

Овојпат „Аксунгур“ оствари 28 часовен лет со 12 проектили MAM-L (мини умна муниција) развиени од страна на „РОКЕТСАН“.

На тој начин, „Аксунгур“ наполнувајќи ги и своите 6 станици за прв пат натоварен со муниција составена од 12 проектили  MAM-L, реализира задача со лет којашто траеше подолго од еден ден.



Слични вести