Волкан Бозкир официјално почна со функцијата претседател на 75-то Генерално собрание на ОН

Денес маските нè потсетуваат на сериозната закана со која се соочуваме, животите што ги загубивме, проблемите што треба да ги надминеме и дека сите сме на ист брод

1491524
Волкан Бозкир официјално почна со функцијата претседател на 75-то Генерално собрание на ОН

Претседателот на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир ја презеде должноста.

На свеченоста што се одржа во седиштето на ОН, Бозкир ја презеде претседателската функција од Тиџани Мухамед-Бенд, претседателката на 74-то Генерално собрание.

Во говор на седницата на Генералното собрание на ОН, Бозкир истакна дека новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19) ги смени плановите на 75-то Генерално собрание на ОН.

„Денес маските нè потсетуваат на сериозната закана со која се соочуваме, животите што ги загубивме, проблемите што треба да ги надминеме и дека сите сме на ист брод“.

Наведувајќи дека пандемијата ја користеле критичарите на мултилатералниот систем за да ги легитимираат едностраните чекори и да ги ослабат меѓународните системи, Бозкир посочи дека во овој период и натаму ги поставуваат прашањата за постоењето на меѓународните системи и организации и дека покрај тоа што овие критики се засновани, биле донесени погрешни заклучоци.

Бозкир во говорот изрази верба за зајакнување на меѓусебната солидарност, соработката и меѓународните организацоо против пандемијата на Ковид-19 која претставува глобална криза.

„Ниту една земја самата не може да ја победи пандемијата. Физичкото растојание нема да биде од помош на меѓународно ниво. Едностраните чекори само ја зајакнуваат пандемијата и не оддалечуваат од нашата заедничка цел. Јакнеењето на вербата во мултилатерална соработка и меѓународните институции, во вакви кризни периоди, во чиј фокус се наоѓаат ОН е наша заедничка одговорност.“

Бозкир е првиот претставник од Турција кој беше избран за претседател на Генералното собрание на ОН со поддршка на преставнците на 178 земји. Бозкир фукнцијата претседател на Генералното собрание на ОН  ќе извршува до септември 2021 година.



Слични вести