Жозеп Борел: Противењето со Турција нема да донесе решение за проблемите

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека противењето со Турција нема да донесе решение за проблемите во односите меѓу ЕУ и Турција и напомена дека проблемите ќе се решат со дијалог и преговори

1491032
Жозеп Борел: Противењето со Турција нема да донесе решение за проблемите
SUPER_ DOGU AKDENIZ.jpg
Borrell 2020.jpg

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел им се обрати на пратениците пред Европскиот парламент (ЕП) по прашањата на надворшените односи меѓу кои се наоѓаат и Источниот Медитеран и Турција.

Борел истакна дека противењето со Турција нема да донесе решение за проблемите во односите меѓу ЕУ и Турција и напомена дека проблемите ќе се решат со дијалог и преговори.

Велејќи дека во летните месеци лично вложи напори за намалување на затегнатоста во Источниот Медитеран, Борел наведе дека треба да се вложат повеќе напори.

Жозеп Борел, укотвувањето на бродот „Оруч Реис“ во пристаништето на Анталија го окарактеризира како „фрлен чекор во правилна насока“ и го рече следното: „Тоа пак, влева надеж дека можат да се фрлат повеќе чекори за дијалог. Тоа ќе го решиме со дијалог и преговори, а не со воени методи.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел го додаде и следното: „Јасно е дека со противење со Турција не е можно да се изнајде решение за проблемите. Не го сакаме тоа тоа. Турција е значаен сосед за Европската унија (ЕУ). Според тоа што не можеме да ја промениме географијата, Турција истовремено е наш значаен парнер во однос на бројни прашања, вклучувајќи ја и миграцијата. На пример знаеме дека без помош на Турција е тешко да се решат миграциските бранови. Турција истовремено е земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ).“



Слични вести