Волкан Бозкир денеска официјално ја презема должноста претседател на 75. заседание на Генералното собрание на ОН

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир оваа своја должност ќе је преземе официјално денеска од претседателот на 74. заседание Тиџани Мухамед-Банде

1490736
Волкан Бозкир денеска официјално ја презема должноста претседател на 75. заседание на Генералното  собрание на ОН

Волкан Бозкир, кој е избран за претседател на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), оваа своја должност официјално ја започнува денеска.

Бозкир должноста ќе је преземе од претседателот на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Тиџани Мухамед-Банде.

По тој повод ќе се одржи церемонија во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во САД.

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир кој на оваа должност беше избран со гласовите на 178 земји членки на Генералното собрание, својот мандат ќе го извршува до септември 2021 година.

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги води седниците на Генералното собрание и го регулира функционирањето.

Освен тоа, Генералното собрание секоја година го определува и контролира буџетот на Обединетите нации (ОН).

На седниците на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се донесуваат одлуки коишто ја презентираат општата мисла на меѓународната заедница.

Од друга страна, годинашните седници на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на кои во седиштето на Њујорк, во САД, секоја година во септември се состануваат лидерите на земјите ширум светот, поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе одржат во виртуелна средина.

На разговорите на високо ниво коишто ќе започнат на 22 септември, претседателите на држави и премиерите на влади на земјите членки ќе учествуваат со видео пораки.



Слични вести