Во терористички напад во Африн во северниот дел на Сирија загинаа најмалку 9 лица

Во центарот на градчето Африн кое со операцијата Маслиново гранче на Турските вооружени сили (ТВС) беше исчистено од тероризмот (јануари-март 2018 година), експлодира бомба поставена во еден камион при што загинаа најмалку 9 лица, а 43 лица се ранети

1490552
Во терористички напад во Африн во северниот дел на Сирија загинаа најмалку 9 лица

Во извршен терористички напад со возило бомба во градчето Африн во северниот дел на Сирија кое се наоѓа под контрола на опозиционерите загинаа најмалку 9 лица, а 43 лица се ранети.

Во центарот на градчето Африн кое со операцијата Маслиново гранче на Турските вооружени сили (ТВС) беше исчистено од тероризмот (јануари-март 2018 година), експлодира бомба поставена во еден камион.

Според првични информации во овој терористички напад загинаа најмалку 9 лица, а 43 лица се ранети.

Безбедносни извори информираат дека бомбашките акции во ослободените области од тероризмот се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, но дека поради тоа што во овие напади гинат цивили организацијата избегнува да ја преземе одговорноста.

Терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето на Тел Рифат коешто во согласност со постигнатиот меморандум помеѓу Турција и Русија на 22 октомври 2019 година требаше да биде испразнето, често реализираат терористички напади врз подрачјата на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн, во северниот дел на Сирија, кои инаку се ослободени од тероризмот.



Слични вести