Во операцијата „Молња-11 Херекол“ кај Сиирт запленети големи количини материјали на терористите

Според објавеното соопштение од Губернијата на Сиирт, продолжува операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто е започната од страна на градската команда на жандармеријата и во која учествуваат 1.003 припадници на безбедносните сили

1491095
Во операцијата „Молња-11 Херекол“ кај Сиирт запленети големи количини материјали на терористите

Во операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто продолжува во подрачјето на градот Сиирт, во југоисточниот дел на земјата, се запленети материјали коишто од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се користат за производство на експлозиви.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Сиирт, продолжува операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто е започната од страна на градската команда на жандармеријата и во која учествуваат 1.003 припадници на безбедносните сили.

Во рамките на операцијата се запленети големи количини материјали за обезбедување на потребите за живот и храна на терористите, скриени во засолништа, скривници и под земјата, за поминување на зимата, како и материјали коишто се користат за производство на експлозиви.

Засолништата и скривниците на терористите се доведени во неупотреблива состојба.



Слични вести