Сочувство од претседателот Ердоган до семејството на загинатиот вработен на „Кизилај“ во терористичкиот напад во Ал Баб

Претседателот Ердоган испрати порака со сочувство до семејството на Мехмет Акиф Кидман, вработен на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ кој загина во вчерашниот терористички напад кај градот Ал Баб, во северниот дел на Сирија

1491135
Сочувство од претседателот Ердоган до семејството на загинатиот вработен на „Кизилај“ во терористичкиот напад во Ал Баб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати порака со сочувство до семејството на загинатиот вработен на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Мехмет Акиф Кидман, во вчерашниот извршен терористички напад кај градот Ал Баб, во северниот дел на Сирија. 

Вчера наутро околу 09.15 часот по турско време, на патот помеѓу Чобанбеј и Ал Баб од страна на маскирани лица качени во две возила без регистарски таблици беше отворен вкрстен оган врз возилото на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ на којшто на уочлив начин се наоѓаа залепени амблеми на хуманитарната организација „Кизилај“.

Притоа во вооружениот напад загина еден вработен на „Кизилај“, а двајца вработени беа ранети.



Слични вести