Следниот трет технички состанок помеѓу Турција и Грција ќе се одржи на 17 септември

Министерството за национална одбрана соопшти дека следниот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција е планирано да се одржи на 17 септември, во четврток.

1491254
Следниот трет технички состанок помеѓу Турција и Грција ќе се одржи на 17 септември

Во седиштето на НАТО, во белгискиот главен град Брисел, се одржа вториот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кој беше разговарано за „методите за разградување“.

Министерството за национална одбрана соопшти дека следниот состанок е планирано да се одржи на 17 септември, во четврток.

Инаку, по остварениот разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше испланиран состанок во штабот на НАТО во Брисел, помеѓу воените делегации на Турција и Грција.

Во тие рамки, првиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција беше одржан на 10 септември, а вториот состанок се одржа денеска.

На овие 2 состаноци беше разговарано за „методите за разградување“.

 



Слични вести