Претседателот Ердоган му ја честита на Илхам Алиев 102-годишнината од ослободувањето на Баку

претседателот Ердоган во телефонскиот разговор им ја честита на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и на азербејџанскиот народ 102-годишнината од ослободувањето на главниот град Баку од окупацијата на Ерменците и Болшевиците

1491257
Претседателот Ердоган му ја честита на Илхам Алиев 102-годишнината од ослободувањето на Баку

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор им ја честита на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и на азербејџанскиот народ 102-годишнината од ослободувањето на главниот град Баку од окупацијата на Ерменците и Болшевиците. 

Претседателот Ердоган истакна дека Кавкаската исламска армија под команда на Нури Паша која пред 102 години од Анадолија му отрча на помош на Азербејџан, рамо до рамо со Азербејџанската национална армија, фрли потпис на една историска победа.

Ердоган напомена дека со милост и благодарност се сеќаваме на сите шехиди и херои на оваа поносна борба.

Претседателот Ердоган напомена дека како што беше согледано за време на ослободувањето на Баку, единството, заедништвото и солидарноста коишто ги презентираат Турција и Азербејџан пред заканите и нападите насочени против нивното постоење и интересите од животно значење, претставуваат ѝ пример ѝ порака до целиот свет.

Ердоган ја повтори одлучноста за продлабочување на односите и зајакнување на соработката помеѓу Турција и Азербејџан како во минатото така и денеска во сите сфери раководејќи се од мотото „две држави, еден народ“ и подвлече дека Турција секогаш со силна поддршка ќе биде покрај Азербејџан.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека на одбележувањето на 102-годишнината од ослободувањето на Баку, Турција и Азербејџан ја доживуваат истата радост и гордост, а воедно ги испрати и своите поздрави до братски Азербејџан.



Слични вести