Денеска се очекува да се одржи вториот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

Првиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција беше одржан на 10 септември, додека денешниот втор состанок се очекува да започне во попладневните часови

1490849
Денеска се очекува да се одржи вториот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција

Денеска во седиштето на НАТО, во белгискиот главен град Брисел, се очекува да се одржи вториот состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кој ќе се разговара за „методите за разградување“.

Инаку, по остварениот разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше испланиран состанок во штабот на НАТО во Брисел, помеѓу воените делегации на Турција и Грција.

Во тие рамки, првиот технички состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција беше одржан на 10 септември.

На состанокот беше разговарано за „методите за разградување“.

Според добиени информации од безбедносни извори, вториот технички состанок помеѓу двете земји се очекува да започне во попладневните часови.

 



Слични вести