Министерот Хулуси Акар го прими командантот на Поморските сили на Либија адмирал Абухулиа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција стои покрај легитимната Влада на Либија која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН)

1490453
Министерот Хулуси Акар го прими командантот на Поморските сили на Либија адмирал Абухулиа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими во Анкара командантот на Поморските сили на Либија адмирал Абдулхаким Абухулиа.

Акар истакна дека Турција стои покрај легитимната Влада на Либија која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН). 

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар се состана со командантот на Поморските сили на Либија адмирал Абдулхаким Абухулиа кој на покана на командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал престојува во посета на Турција. 

На средбата Акар нагласи дека Турција стои покрај легитимната влада во Либија која е призната од страна на Обединетите нации (ОН), а како што рече со цел воспоставување на мирот и трајната стабилност.

Хулуси Акар напомена дека Турција ќе продолжи со активностите за обука и солидарност во воената и безбедносната сфера на своите либиски браќа со кои располага со 500 годишно заедничко минато, пријателство, братство и културни врски.

Велејќи дека Турција ја поддржува независна и суверена Либија со воспоставени територијален интегритет и политичко единство, која ќе биде присвоена од страна на Либијците и ќе ги опфати сите Либијци, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го подвлече следното: Либија е на Либијците.“



Слични вести